Евтини Приказни

Зошто Груевски има повисок рејтинг од Заев?

Евтини приказни: Со планот на Груевски да остане премиер во каква било да е Влада, познат колоквијално уште како купи ден- продај, во модерната балканска историја беа закопани неколку политичари, кои никогаш не станаа свесни дека станале одамна живи политички мртовци, а сега на маса, пред странските фактори го изложиле ингениозниот план како единствениот услов да седнат на какви било преговори


Путин, оди си дома!

Евтини приказни: Папочната врска помеѓу Груевски и Путин е последното уточиште на македонскиот премиер, кој особено почна да ја засилува конфонтирачката реторика во оној момент, кога Русија ревносно почна да се расфрла со слични опасни високи тонови упатени кон активните граѓани, лидери на демонстрациите, со жестина предадена во наследство на својот помал и еднакво заостанат во развојот (на демократските вредности), брат


Груевски, зошто граѓаните ви објавија дека доаѓаат?

Евтини приказни: Овој политички апартхејд траеше со години- во мрежата на теророт на власта беа испреплетени полицијата, судството и медиумите. Многу години подоцна, некои деца, средношколци, студенти, професори, работници, чиновници, се охрабрија. Бомбите на Заев имаат огромна улога, иако одлучувачката улога, тврдам, ја одиграа студентите и средношколците


Кому му се потребни инциденти?

Eвтини приказни на Биљана Секуловска: Груевски го одбра тој пат, оној кој му го трасираше Путин- владеење со сеење страв, доколку е разбистрен умот од сеењето магла и сега на потег се граѓаните- да му кажат НЕ- на секој обид за крвав расплет, кој е негов одговор на барањето достоинствено да замине


Кому му се потребни инциденти?

Eвтини приказни на Биљана Секуловска: Груевски го одбра тој пат, оној кој му го трасираше Путин- владеење со сеење страв, доколку е разбистрен умот од сеењето магла и сега на потег се граѓаните- да му кажат НЕ- на секој обид за крвав расплет, кој е негов одговор на барањето достоинствено да замине



Погребниот венец за Борјан

Евтини приказни на Биљана Секуловска: Затрупајте не со венци, од венците направете симбол на оваа земја, обележете ги со нив државните граници, венците нека ви станат химна и државно знаме, нека бидат новото име на оваа земја, обесете не со нив на дрвјата кои останаа во овој тажен, безволен град, и- гледајте само: како сепак ништо од тоа што мора да се знае, нема да исчезне


Легендата за Љубчо Георгиевски и неговиот политички брат Груевски

Евтини приказни на Биљана Секуловска: Ништо не може засекогаш да ја спречи желбата за политичка моќ и влијание, како што засекогаш не може да го снема стравот од последиците- во случајов стравот на Георгиевски од досието кое Груевски го поседува за него. Кој во такви околности не би го бранел егзектуторот кој е деноноќно и доживотно наведнат над главата на жртвата и со едно кревање на раката му пресудува?


Крвожедноста на лустраторите

Евтини приказни: Ќе дојде ден, кога потомците на овие нелуѓе, месо на нивното труло месо, крв на таа нечиста крв, совест на нивната несовест, човечност на оваа нечовештина, ќе замолчат пред доказите, документите, сведоштвата за Славко Јаневски, на Љубомир Фрчкоски, Владимир Милчин, Ѓунер Исмаил, Јадранка Костова, Томе Серафимовски, Божин Павловски, Ѓорѓи Спасов….


Сите значења на една израелска поговорка

Чист патриотски чин на власта е оваа израелска донација- започнувајќи од шефот на тајната полиција, чие име би требало тивко да го изговорите, а јас нема да го споменам согласно максимата- Татковината, тоа е тој, предавниците, тоа сме ние!