Идеи

Во училиште нема место за различните

Да се биде различен во Македонија е проклетство. Со оваа констатација ќе се согласи секој кој на своја кожа ја почувствувал казната и гневот на мнозинството затоа што не се препознал и претопил во него


Грипот изненади годинава, а снегот?

Ако веќе лекарите и надлежните велат дека Тамифлу е спасоносен лек, зошто Министерството не го набави годинава? Се заборавија, занесени со изборите? Или не знаеја која фирма да ја одберат за да го набави? Немаа време за таков потфат, грипот ги изненади


Евтаназија

Да, ова е Балкан и боли кога гледате како вашиот близок страда. Вие само го вртите погледот да не гледате и се молите на господ да му ги скрати маките. Но, кај нас, господ седи во Владата. Што повеќе да ви објаснувам!



Се навестува ли крајот на етничките партии?

Изборните резултати во Арачиново, Дебар, Студеничани и останатите општини во кои доминираат етнички Албанци отворија дополнителни предизвици за политичките партии за коалиционирање или соединување околу идеолошките, а не етничките концепти


Пропаста не доаѓа сама

Буквално ги избркаа младите и амбициозни лекари, им ги дадоа на послужавник како готов кадар на развиените земји.А, партиските војници се уште си раководат со клиниките. Проста математика. Пропаста не доаѓа сама. Треба да и создадеш услови за да дојде. Што е тука нејасно?


Борбата за живот мора да ја добиеме

Додека ја пишувам колумната не знам што не очекува во иднина, какви промени ќе се случат. Но, знам, сигурна сум, дека идната власт треба да се зафати со најгорливиот од горчливите проблеми во здравството. Всушност, се работи за борба на живот и смрт


Зошто ќе гласам за Заев

Почитувам луѓе кои создаваат вредности признати на глобалниот пазар. Тоа е умешност. Па си викам по се што видовме во изминатите 25 години време е да дадеме шанса некому кој веќе се реализирал и потврдил во она во што верувал


Броени денови

Ми се чудат овде во странство дека се враќам само заради тоа ситно демократско право. Можеби до пред некоја година и јас ќе реагирав така, но после сите маки, поделби и кражби низ годиниве, станав свесен дека ова е последна слободна прилика за делување