Избори

Ѓорчев:Таковината е во сигурни раце Груевски останува премиер,Иванов претседател

„Таковината е во сигурни раце Никола Груевски останува премиер, Ѓорѓе Иванов останува претседател“, рече Влатко Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ прогласувајќи убедлива победа на предвремените парламентарни избори во скоро сите изборни единици


Стевче Јакимовски: Ова беа едни фер, демократски и достоинствени избори

Сакам, исто така, да подвлечам дека денеска присуствувавме на едни фер, демократски и достоинствени избори и, искрен да бидам, од ниту една општинска организација, односно од ниту еден изборен штаб немаме поплака на денешниот изборен процес, изјави лидерот на ГРОМ



ДУИ прогласи убедлива победа во Гостивар

Конечните резултати соопштени од Огранокот на ДУИ во Гостивар, ја потврдуваат убедливата победа на оваа партија во Гостивар. ДУИ освоил 12.503 гласови, ДПА – 4.479 и НДП – 6.159 гласови


ДПА: Имаше низа неправилности но сепак очекуваме добри резултати

Садије Илјази од ДПА беше првата,од албанската опозициска партија, што излезе пред јавноста после завршувањето на денешниот изборен процес.Таа нагласи дека изборите биле проследени со многу неправилности и дека тие очекуваат добар резултат




Бујар Османи: ДУИ води 3 спрема 1 пред ДПА

Се уште е рано да се дадат било какви резултатите, но првичните информации зборуваат дека сме во предност над ДПА, во сооднос 3 со 1. Очекуваме конкретни резултати во текот на ноќта каде за резултатите ќе се обрати и лидерот Али Ахмети, истакна Бујар Османи


Партијата на Руфи Османи не ги признава изборите

Во изјава за медиумите Османи соопшти дека на највисокиот орган на партијата ке и биде предложена одлука, овие избори да не ги признае. Тој најави дека ке се обратат и до Советот на Европа да не ги признае овие избори во Македонија


ДИК: ВМРО-ДПМНЕ води пред СДСМ

Државната изборна комисија ги објавува резултатите: ВМРО-ДПМНЕ има 30.398, односно 41,49%, а СДСМ- 13.726 или 18,73%, од досега процесирани избирачки места 15,40 % /