Евтини Приказни

Ќе марширате ли со нас, претседателе Иванов?

Евтини приказни: Зошто вие не ги седнете министрите и да ги прашате зошто бегаат од студентите, зошто не ги поканат на дебата и не ги сослушаат барем еднаш во животот? Зошто не марширавте заедно со студентите, ако во срцето први ви се граѓаните, па потоа татковината, а на крај партиската припадност која ви обезбедила претседателска фотелја?


Синџирите на професорот Стравински

Нема студенти кои бараат право на глас, некој да ги слушне побогу, нема професори кои маршираа со своите студенти, не постои професорот Марјановиќ кој со студентите тој ден одеше кроце, полека, затоа што така мора, затоа што тоа е обврска, затоа што не смее поинаку! Не. Само сатанската опозиција и клетите соросоиди беа таму


Марш до последната капка живот

Очекував низ овие години архитектите да бидат движечката сила, преку разни облици на мирни протести: да стојат со денови, недели и месеци, на Плоштадот во Скопје, да одбијат да се помрднат додека багерите би татнеле, да се бунат, затоа што само така може да се преживее, само така е можно да се живее


ВМРО-ДПМНЕ е вечно

Не верувам во светоста за која говори Шеќеринска. Да се помести и преврти светот и земјата да стане рамна плоча, да не распарчи атомска бомба и да ги влечкаат сите неблагодарници по улица, се ќе остане исто. Кога Пендаровски вели- “Македонија вечна”, јас слушам друга музика, други гласови кои му одговараат: Не, пријателе, ВМРО-ДПМНЕ е вечно!



Драгиот Субрата

Го чекам тој ден кога целата оваа мизерност околу индискиов хоштаплер ќе се прелие меѓу нивните редови, па ќе почнат да се забораваат меѓу себе, дека воопшто, некогаш се познавале, дека било кога зависеле еден од друг, дека си биле поважни од брат, мајка, љубовница


За будалаштините и бомбата на Заев

Она што веројатно Заев го знае, но го игнорира тој факт- дека огромно мнозинство во оваа земја ако ги затвори очите нема да знае, нема да препознае дека тој зборува на телевизија. Голем дел од македонскиот народ не знае дека освен Груевски има и друг политичар


Време на џуџиња

Со нетрпение ја очекувам Монографијата на Факултетот за драмски уметности- да видам колку букви добиле режисерите Слободан Унковски и Владе Милчин. Без овие двајца професори Милчин и Унковски не е прашањето дали ќе имавме сиромашен театар. Ние ќе немавме воопшто театар


Се срамам од оваа земја

Се срамам од коментарите на Фејсбук, после моето интервју со директорот на ЛГБТ центарот Кочо Андоновски, се срамам од новите повици за насилство, се срамам од она што се претвори земјава, од тоа што стана со овој народ