Македонија

Лавров: Потребни се посилни врски со Македонија

„Имаме историја на добри односи, не постојат отворени прашања. Постојат значајни потенцијали и ние треба да ги фокусираме нашите напори тие да се реализираат, подвлекувајќи ја важноста од посилни врски со Македонија“, истакна шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров.


По 1.000 евра за секој непријавен

Измени на законот за работни односи содржат предлогот за воведување мандатни казни за непријавените работници. „Има делумна промена на прекршочната политика со тоа што ќе се воведат мандатни казни доколку се затекнат до две непријавени лица“, објаснува министерот Ристовски.


Можност за решение на спорот за името

Грчките медиуми воглавно објавуваат само најава на новата рунда разговори на медијаторот Метју Нимиц кој денеска и утре ќе се сретне со претставниците на Македонија и на Грција, Зоран Јолевски и Адамантиос Василакис.



Нова рунда во Њујорк

Посредникот на ОН во разговорите за името амбасадорот Метју Нимиц денеска и утре во Њујорк ќе одржи нова рунда разговори со претставниците на Македонија и на Грција.


Нимиц: Детали за идеите до Јолевски и Василакис

Посредникот на ОН во разговорите за името амбасадорот Метју Нимиц утре и задутре во Њујорк ќе има најпрво одвоени средби со претставниците на Македонија и на Грција Зоран Јолевски и Адамантиос Василакис, а потоа се планира и заедничка средба





Железничкиот сообраќај во прекин

Железничкиот внатрешен сообраќај од попладнево е во прекин како резултат на незадоволството од нередовната исплата на платите и здравственото осигурување, изјави претседателот на Независниот синдикат на машиновозачите при МЖ Транспорт, Латко Јовановски.