Ново на НОВА 2

Милевски по ЕП 2017: Горд што имав прилика да работам со овие момчиња

Македонија го заврши учество во Полска со реми и два пораза. Освоен е еден бод, постигнати четири гола и примени 11. Половина од реализациите ja потпиша Енис Барди, другата половина ја поделија Никола Ѓорѓев и Кире Маркоски. Играчкиот впечаток е во рамки на очекувањата, на моменти и над нив, резултатски е неважен бидејќи на Европското првенство се замина без никаков притисок и императив и со единствена намера да се биде и фактор, а не само да се одигра колку што ќе дозволи противникот

Прочитај Повеќе