Република

„Тинекс“ купи земјиште во Прилеп кое претходно му беше продадено на „Кам-Фуд“

Од Општина Прилеп за НОВА изјавија дека на електронската аукција „Тинекс“ понудил највисока цена од 17.830 ден/м2, односно за сума од 28.831.111 денари станал сопственик на градежното земјиште


Нуркачи од Македонија и Албанија заедно ќе го пренуркуваат цело Охридско езеро

Нуркачи од Македонија и Албанија заедно во наредните три месеци ќе го пренуркуваат Охридското езеро кое досега не е детално истражено. Активностите ќе се реализираат на двете страни од езерото и тоа на длабочина помеѓу 5 и 15 метри и должина поголема од 80 километри


Средношколците од битолската Горна гимназија го поддржаа Студентскиот пленум

„Тука сме за да го искажеме нашиот став на ниво на гимназија, дека целосно ги поддржуваме студентите кои се борат и за нашите права бидејќи нас, како идни студенти, нѐ засегаат законите кои се носат. Ова е став на сите ученици од прва до четврта година“, вели Христијан Грујовски, ученик во Гимназијата „Јосип Броз Тито“ во Битола



Карневал во Прилеп на Прочка

„Во Прилеп на Прочка, демоните од под земја ќе допатуваат. По улици и сокаци ќе шетаат, ќе плашат минувачи, откуп за живот ќе бараат, со стапови ќе маваат, секој удар еден плод и блосоење за бериќет и род. Да нѐ потсетат на минливоста на животот и повторното раѓање“, порачуваат организаторите на меѓународниот карневал „Прочка 2015“.


Младите Македонци, Албанци и Турци сакаат да живеат едни покрај други

Ученици, Македонци, Албанци и Турци од Струга од сите училишта во градот упатија порака за соживот и толеранција како дел од проектот “Заедно за Струга“.Идејата на проектот е да се помогне во градењето на мултиетничкиот соживот, преку разновидни активности во градот на мостовите


Од новата библиотека во Тетово има само камен темелник

Изградбата на новиот театар и новата градска библиотека во Тетово, кои добија камен темелник лани во ноември, се уште не е започната. Тогаш се фрлија неколку лопати со малтер, но веќе трет месец нема никакви градежни активности


Струмица под маски – започна карневалската треска

Во градот под Царевите кули течат и последните подготовки пред главната карневалска вечер која започнува вечерва. Во Струмица или како што деновиве се нарекува „градот под маски“ се е подготвено за забава до утринските часови


Затвор за обвинетите во „Ореше“: 10 и 13 години за нарачаното убиство

Основниот суд во Велес попладнево ја објави пресудата во случајот „Ореше“ осудувајќи ги на затворски казни тројцата обвинети. 13 години затвор за Ѓоре Петровски, кој беше обвинет дека го нарачал убиството на старецот Лазо Милошевски во 2005 година и по 10 години за браќата Љупчо и Ордан Ѓорѓиевски


Цел вагон мигранти откриени на железничката станица во Велес

Велешката полиција синоќа откри цел вагон полн со илегални мигранти во патничкиот воз кој сообраќал на релацијата Гевгелија-Скопје. Според првичните информации од терен, станува збор за илегални мигранти претежно од Пакистан и од Сирија.