Спорт

Тренер нов, песна стара: Карпош С. положи оружје и кај ФМП

ФМП Железник го совлада дебитантот во АБА лигата со 67:62 за прекинување на сопствената низа од четири порази. „Соколите“ сега имаат 0-8 и се убедливо последни на табелата. Во наредното коло се домаќини на Будуќност



Смирувачки тонови за Ван Перси: Не е страшно како што беше на прва

Турските медиуми ретерираат со вестите за состојбата на Холанѓанецот. По првичните наводи на лекари, сега се повикуваат на клупскиот доктор кој порачува дека состојбата не е така страшна ккако што изгледала на прва



Мареј: Сакам да уживам како број еден, може да трае само една недела

Британецот ќе има 405 бода повеќе од Ѓоковиќ на ранг листата што утре ќе ја објави АТП. Србинот, сепак, сè уште може да заврши како прв рекет во 2016 година ако го освои Лондон и притоа ги добие сите три меча во групата


Падна договор: Роналдо во Реал М. до 2021 година

Потпишување на соработката е најавено за утре во претседателската ложа на стадионот „Сантијаго Бернабеу“. Актуелниот истекуваше во 2018 година, финансиските детаљи за новиот сè уште не се познати



Македонски „бомбардер“: Несторовски го „тресна“ и Милан (ВИДЕО)

Репрезентативниот напаѓач го совлада Донарума, еден од тројцата голмани на Италија, во 71 минута за израмнување на „Ренцо Барбера“ попладнево во меч од 13 коло во Серија А. Палермо на крајот загуби со 1:2


Радичевиќ: Не смееме да „полетаме“

Тренерот на ЖРК Вардар, Дејвис и црногорската репрезентативка изразуваат задоволство од настапот со Астраханочка, но воедно и порачуваат дека е потребна приземност бидејќи најважното допрва доаѓа


Ракомет, ЛШ: Астраханочка невидлива покрај ЖРК Вардар

Македонскиот женски првак го декласира рускиот со 39:25 во групата Б за одбрана на првото место на табелата и осигурување на место во наредната фаза на две кола до крајот на тековната. „Експлодира“ Јованка Радичевиќ која постигна 9 гола