Спорт

Викторија во Гранада: Шпанија со покер голови за Македонија (ВИДЕО)

„Црвената фурија“ имаше апсолутна доминација во мечот што го доби со 4:0. За нашата селекција ова е четврти пораз во квалификациите за СП 2018, прв без постигнат гол. Во март ќе следува гостување во Лихтенштајн


Формула 1: Хамилтон ќе стартува прв и на Интерлагос

Британскиот пилот на Мерцедес во квалификациите на патеката „Интерлагос“ ја обезбеди 60. пол-позиција во кариерата, откако го извозе најбрзиот круг од 1:10,736 минути. Трката за ГН на Бразил е утре во 17 ч. по средноевропско време



Европскиот ракометен првак падна во Скопје: Вардар го „однесе“ Кјелце

Македонскиот шампион славеше со 40:34 во дербито на шестото коло во Лигата на шампиони и го презеде врвот на табелата во групата Б. Карачиќ најефикасен со 9 гола, по осум постигнаа Душебаев и Дибиров


Каталонците на шопинг во Торино: Барселона го мерка Лихтштајнер

На „Камп Ноу“ го гледаат Швајцарецот како идеално решение во одбраната на тимот на Луис Енрике, пишува весникот „Газета дело Спорт“. Неговиот договор со „старата дама“ истекува на лето


Ракомет, ЛШ: Европскиот првак на тест кај Вардар

Дербито на шестата рунда во шампионската Лига на ЕХФ почнува во 17.30 часот во СЦ „Јане Сандански“. Победникот ја презема лидерската позиција во групата Б. Вардарци лани ги декласираа Полјаците со 34:24


Скијање: Шифрин најумешна во слаломот во Леви

Американката триумфира во финскиот зимски центар во воведната слаломска трка од новата сезона, деветта во серија, вкупно 20 во кариерата. Повеќе „врзани“ победи од неа има само Јаница Костелиќ


Фудбал: Шпанија по рутина, Македонија по чудо

Фудбалската репрезентација вечерва (20.45 ч.) ѝ гостува на „црвената фурија“ во Гранада во четвртиот меч во квалификациите за СП 2018. Во истиот термин во групата Г уште ќе играат Албанија – Израел и Лихтенштајн – Италија


НБА лига: Џејмс го посети Обама и стана најмлад играч со 27.000 коша

Ѕвездата на Кливленд постигна 27 поени во победата над Вашингтон со 105:94 со што го мина Коби Брајант, досегашен рекорден во оваа статистичка категорија. Кавалирси пред мечот беа гости на претседателот на САД во заминување


Евролига: Бламажа на Фенербахче, четири коша на Антиќ

Во бледата партија на тимот од Истанбул во Виторија се вклопи и Перо Антиќ. Македонскиот интернационалец одигра 10 минути пришто забележа четири коша (1/3 за тројка и 1/2 слободни фрлања) и впиша еден скок