Спорт

Гест за почит: Јохан Кројф добива стадион, статуа и улица во Барселона

Нов терен во тренинг кампот на Каталонците ќе биде именуван по легендарниот холандски фудбалер и тренер, во негова чест ќе биде подигната и статуа пред „Камп Ноу“, а клубот побарал од градските власти и улица што ќе го носи неговото име


Скијачки скокови: Камил Штох нов рекордер на Планица со 251,5 метри

Норвежанецот Роберт Јохансон (250 метри) беше првиот што го подобри најдоброто остварување на леталницата на Петер Превц од 2015 година. Повеќе од него, подоцна, доскокна Штефан Крафт (251 метар), за денот да заврши со најдолг скок на полскиот натпреварувач



Формула 1: Првата пол-позиција во сезоната за Луис Хамилтон

Трикратниот светски првак по шести пат во низа ќе стартува од врвот на колоната на патеката „Алберт парк“ во Мелбурн по најбрзиот круг (1:22,188 минути) што го извозе во квалификациите. Од првиот ред, покрај него, ќе тргне и ривалот Себастијан Фетел


Фудбал: Италија без пораз дома во квалификации за СП цели 83 години

На Сицилија, вечерва против Албанија, го одиграа 51 меч во историјата и притоа ја забележаа 44 победа со вкупна гол разлика од 131 постигнат гол и само 24 примени. Буфон запиша 1.000 настап во клупската и репрезентативна кариера


Квалификации за СП 2018: Македонија со три гола до три бода во Вадуц

Еврогол на Бобан Николов во финишот на првото полувреме и два на Илија Несторовски во второто за очекувана и заслужена победа над Лихтенштајн во Вадуц во квалификациите за СП 2018. Напаѓачот на Палермо не реализира пенал во 90 минута. „Црвено-жолтите“ во вторник во Скопје ќе играат пријателски меч со Белорусија, на 11 јуни ќе бидат домаќини на Шпанија


ЦАС пресече: Намалена казната на Аријан Адеми на две години

Судот за спортска арбитража во Лозана, конечно, се произнесе по случајот со Аријан Адеми. Суспензијата е преполовена, па 25 годишниот дефанзивен играч за врска и репрезентативец на Македонија се враќа на фудбалските терени во октомври оваа година



Бисер на Торино: Арсенал и Наполи нудат 50 милиони евра за Белоти

Покрај финансиската понуда, наполитанците се подготвени да го вклучат и Леонардо Паволети во евентуалната зделка. Откупната клаузула за напаѓачот е двојно поголема од понудената на калчолигашот и премиерлигашот