Спорт

Гвардиола ја заокружи најскапата одбрана: Сити го купи Менди од Монако

За неговите услуги на сметката на клубот од Кнежевството ќе легнат 48,88 милиони фунти што францускиот лев бек го прават најскап дефанзивец во историјата на фудбалската игра. Тој е шесто засилување на „Етихад“ ова лето и заедно со претходните пет ги чинат „граѓаните“ преку 200 милиони фунти


СП во ракомет (У21): Македонија во директен дуел со Бразил за плеј-оф

По Тунис, подобра од „црвено-жолтите“ беше и Шпанија која славеше со убедливи 36:25 во рамки на четвртото коло во групата Ц што за „фуријата“ значи „бетонирање“ на лидерската позиција на табелата, а за составот на Илија Темелковски насочување на дуел со јужноамериканскиот претставник за осминафинале


СП во пливање: Ледеки и Пити со рекорди на мундијалите

Американката го одбрани златото на 400 метри слободен стил од Барселона и од Казањ и нејзините 3:58,34 минути се ново најдобро време во дисциплината на шампионатите. Британецот во полуфиналето на 100 метри градно забележа резултат од 57,75 секунди


Враќа за довербата уште во дебито: Првенец на Алиоски за Лидс (Видео)

„Пауните“ од „Иланд роуд“ загубија од Еибар со 2:4 за време на подготовките во Австрија, а македонскиот репрезентативец погоди во 74 минута од мечот во кој во игра влезе на почетокот на второто полувреме


Тенис: Ферер со трофеј во Бастад, Ирина Бегу во Букурешт

Шпанецот за, речиси, час и половина го совлада Александар Долгополов со 6:4, 6:4 во финалето во шведскиот град за прв АТП трофеј по Виена во 2015 година, Романката, пак, подобра од Гергес со 6:3, 7:5 во мечот за титулата во романската престолнина


Кошарка (У20), ЕП-Б дивизија: Македонија се враќа како 13. од Орадеа

„Црвено-жолтите“ по вторпат на турнирот ја поразија Албанија, овојпат во основниот дел со 71:65 (по четвртини: 7:15, 26:16, 16:21, 22:13) за разлика од пресметката во групната фаза што беше решена по продолженија со 62:54. Прогрес во европската А дивизија за кошаркари до 20 години обезбедија финалистите Романија и Хрватска како и Велика Британија која славеше над Русија со 81:65 во натпревар за третото место



Тур де Франс: Крис Фрум пред четврто славје на Елисејските полиња

Британецот беше недопирлив за конкурентите за тронот на денешниот хронометар во Марсеј во должина од 22,5 километар и има 54 секунди предност во однос на Ригоберто Уран во генералниот пласман пред утрешната последна етапа на престижната велосипедска трка


Кошарка (У20), ЕП-Б дивизија: Македонија против Албанија за 13. место

Во плеј-офот за пласман од 13. до 16. позиција на шампионатот во Орадеа, „црвено-жолтите“ ја совладаа Белорусија со 62:58, албанските надежи, пак, беа подобри од Словачка со 74:62. Утрешниот дуел (14,45 ч.) ќе биде втор со западниот сосед во романскиот град по оној во групната фаза што беше добиен со 62:54 по продолженија