Една минута вести


Една минута вести: Судење за уништувањето на опремата за прислушување

Денеска во Основниот суд 1 Скопје започна судскиот процес за случајот на СЈО наречен „Тврдина 2“, во кој поранешниот началник на петтата управа во УБК Горан Грујевски и уште шестмина други вработени во оваа Управа се обвинети дека уништиле службени документи на тајната полиција за набавка на опремата за следење на комуникациите; Европскиот парламент денеска бира наследник на Мартин Шулц; Фатен жив напаѓачот од Истанбул, бил член на азиска ќелија на Исламската држава


Една минута вести: За 4 дена САД добиваат нов претседател

Најголема просечна плата во регионот според последните податоци за минатата година има Словенија со 1.020,40 евра, додека најмала е во Македонија и истата изнесува 363,80 евра, Екстерното тестирање за учениците од завршните години во средното образование, ќе се спроведе во периодот од 30 јануари до 3 февруари; За четири дена, Доналд Трамп ќе ја преземе претседателската функција, по една од најпознатите бурни транзиции во модерната историја



Една минута вести: Се урна авион во населба во Киргистан

Во Македонија не се бројат бездомниците, тврди Клементина Илијевски директорка на Асоцијацијата за истражување, комуникации и развој „Паблик“; Најмалку 37 луѓе загинаа, откако турски товарен авион се урна во станбен дел во близина на главниот град на Киргистан, Бишкек; За Трамп Меркел е најважниот лидер во Европа


Една минута вести: Вевчани меѓу паганството и христијанството

Употребата на албанскиот јазик во согласност со Охридскиот договор и Уставот, еднакво со македонскиот јазик, го прави општеството посилно, пообединето и постабилно заокружувајќи ги тој…




Една минута вести:Стотина домаќинства секојдневно со прекини на струја

Стотици домаќинства секојдневно без струја поради неквалитетната или преоптоварената мрежа, од ЕВН тврдат нормално е; Села и Беса поставија услов за пеговори со ВМРО ДПМНЕ- Груевски да…