Од:

Аласат: Чавков си ги собрал работите од БЈБ, заминува во пензија

Директорот на Бирото за јавна безбедност Митко Чавков не ја дочека одлуката за негово разрешување што е во владина постапка, објави Алсат. Чавков одлучи самиот да замине од оваа институција и најверојатно ќе оди во предвремена пензија.

Според извори на Алсат, Чавков земал годишен одмор, а во меѓувреме побарал да му се прекине договорот за работа, кој му завршувал кон крајот на јули со можност за продолжување на уште една година. Чавков освен што го прекинува работниот однос, ги собрал и сите лични работи од неговата канцеларија.

Министерот Нухиу за НОВА изјави дека не е информиран дека Чавков заминува во пензија. Тој од денеска користи годишен одмор.
Според Нухиу постапката за пензија не е така едноставна, а Чавков сепак е директор на БЈБ и функционер поставен од Владата.

Како директор на Бирото за јавна безбедност и во својство на шеф на оперативниот штаб, вечерта на 27 април кога брутално беа нападнати пратеници на новото парламентарно мнозинство, тој не издал наредба да ги одбранат.

Според извори на Алсат дека својот работен однос веројатно го прекинал и началникот за организиран криминал во Бирото за јавна безбедност, кој исто така ја искористил можноста за предвремено пензионирање како Чавков. Станува збор за Зоран Глигоров за кого се велеше дека има одговорност за случувањата на 27 април.