Од:

Чавков за Дојче веле: Пратениците ќе имаат безбеден и непречен пристап

Директорот на Бирото за јавна безбедност Митко Чавков во изјава за Дојче веле вели дека пратениците на утрешната координативна средба во Собранието ќе имаат безбеден и непречен пристап.

-Сигурно е дека пратениците ќе имаат безбеден и непречен пристап во Парламентот, вели Чавков, одговарајќи на новинарско прашање за разните повици дека учесници во протестот да ги блокираат приодите кон законодавниот дом.

– Како и досега, така и утре полицијата ќе биде на потребното професионално ниво за обезбедување на јавната безбедност. Во МВР функционира штаб кој непрекинато заседава и ги следи сите информации. Полицијата презема оперативни планови согласно тие информации и безбедносни проценки. Врз таа основа ги димензионираме персоналните капацитети и материјално-техничките средства,изјави Чавков за Дојче веле.