Од:

Чеферин за „Њујорк Тајмс“: Регионална лига би била смрт за фудбалот

Претседателот на УЕФА, Александар Чеферин во интервју за „Њујорк Тајмс“ рече дека формирање на регионална лига би била смрт за фудбалот во малите земји. Словенецот и претходно истакна дека не е за фудбалско обединување на Балканот што го образложи со сè повидливите разлики меѓу малите и големите клубови.

„Сегашниот формат на натпреварувања со сигурност ќе остане бидејќи регионалните лиги не би требало да ги заменат националните. Ќе ги разгледам сите идеи меѓутоа таквите лиги може да бидат само како додатоци на домашните првенства, а не да бидат поважни. Тоа би значело смрт за фудбалот во нашите земји. Кога, на пример, Марибор или Олимпија Љубљана би се пласирале во таква Балканска, Јадранска или Алпска лига, како сакате наречете ја, би било смрт за словенечкиот фудбал“, смета Чеферин.

Претстојниот 41. Конгрес на УЕФА што е закажан на 5 април во Хелсинки ќе биде одлична прилика за изнесување на ставови по прашањето за формирање на регионални лиги, проект што со години се заговара и за просторите на поранешна Југославија.