Од:

Червар: Загубивме енергија во второто полувреме

Фото: rkmetalurg.mk

Лино Червар е свесен дека разликата во квалитет и искуство беа на страна на Монпелје со мечот со еговиот Металург попладнево во Скопје во рамки на Лигата на шампиони. Францускиот клуб ја контролираше средбата од почеток до крај и славеше со 30:24 за потиснување на Ла Риоха од првото место на табелата во групата Ц. Металурзи се закануваа на периоди меѓутоа секој нивни обид за сериозен налет беше одбиван.

„Едно полувреме одигравме добро и ја контролиравме играта. Во второто се случи пад на концентрација и губење на енергија. Надвладеаја емоции наместо разум“, рече хрватскиот стручњак по средбата.

Одличниот ефект на Немања Обрадовиќ, најефикасен на средбата со 10 гола колку што постигна и Гребие, овојпат не беше од корист на Металург.

„Монпелје беше фаворит пред почетокот на мечот, а во него покажа зошто е фаворит и за едно од двете водечки позиции на табелата. Ова беше една од моите најдобри партии што во некои моменти и не се важни. Им благодарам на гледачите што дојдоа да нè гледаат и бодрат и би сакал да ги има во уште поголем број во иднина“, истакна средниот бек на составот од Автокоманда.