Од:

ПРОЦЕС: Четворица „мускетари“бараат спас од загадувањето

Четворица млади луѓе, загрижени заради енормното загадување, се собраа спонтано и секој ден одат на кафе и разговор кај некој од скопските градоначалници, за да поттикнат ургентно решавање на проблемот. Што бараат од нив? Што ветуваат градоначалниците? Има ли можност да ги седнат на заедничка маса? Дали е ова почеток на едно граѓанско движење за спас од секојдневното труење? Во ПРОЦЕС говорат двајца од нив, Александар Донев и Јане Димески.