Од:

Далноводот Битола-Елбасан ќе ја зајакне дистрибутивната мрежа

Проектот за изградба на далноводот Битола – Елбасан кој се очекува да ја зајакне дистрибутивната мрежа за електрична енергија, бил тема на разговор меѓу министерот за економија, Крешник Бектеши и амбасадорот на Албанија во Македонија, Фатос Река.

Од Министерство за економија информираат дека тие се согласиле дека е потребно продлабочување на меѓусебната соработка преку поголема трговска размена, зголемување на бројот на туристи во двете земји и поттикнување на инвестициите кај бизнис-секторот во различни капацитети во Македонија и во Албанија.

Амбасадорот Река го поканил министерот Бектеши на официјална посета на  Албанија.