Од:

Даниел Сервер за НОВА: Што носи Трамп за Македонија

Секуловска: Како претседателствувањето на Доналд Трамп ќе се одрази врз Македонија?

Сервер: Пред сè неговата победа ќе ги инспирира и ќе ги охрабри етничките националисти, помеѓу Србите, Хрватите, во Босна и Херцеговина, Македонците, Грците и Албанците. Се работи за една вибрација која ќе ги охрабри етничките националисти. Поточно за прашањата кои се однесуваат на Македонија, како спорот со името, не знам што Доналд Трамп мисли, не се сеќавам дека некаде зборувал на таа тема или дека е свесен за тоа. Неговата сопруга од Словенија, која нелегално работеше во САД пред да ја добие визата се чини дека не го научила ништо за Балканот.

Секуловска: Таа беше модел, како таа би го научила?

Сервер: Дури и моделите можат да подучат нешто.

Секуловска: Да го прашаме Славој Жижек за тоа…

Сервер: Не знам како ќе реагира тој на ова прашање. Но кога етничките националисти се охрабрени, идеите секогаш се тука, како поделбите. Разбирам зошто поделеноста е лоша идеја во Македонија и разбирам зошто не треба да се случува. Но не верувам дека Доналд Трамп ќе се согласува со моите аргументи, ако некој го покрене аргументот за Албанците од северозападниот дел на земјата каде што тие живеат, и им го дозволат на Македонците останатото. Знам кон што води тоа – кон војна, бидејќи Албанците не би биле среќни доколку најголемиот албански град во Македонија не им биде даден на нив, а Скопје е тој град.

Секуловска: Не може Скопје да биде Ерусалим.

Сервер: Разговарав за ова прашање со премиерот Георгиевски пред многу години, знам кои беа предлозите но тие се нефункцонални. Не се функционални бидејќи невозможен е договор за црвените линии. Разбирам зошто овие работи не можат и не треба да бидат направени но искрено, моите аргументи се интелектуални, и на нив етничките националисти ќе гледаат како на хипотетски. Во Босна и Херцеговина на пример сите беа среќни со првите демократски избори а потоа отидоа во војна. Имаме слична ситуација во многу земји каде етнички националисти тврдат дека можат да постигнат договор за линиите и размената на луѓе и потоа не успеваат во тоа, што резултира со војна. Затоа скептичен сум за тие решенија и мислам дека импактот врз Балканот може да биде трагичен.

Секуловска: Како мислите трагичен?

Сервер: Може да дојде до војни ако се охрабрат од Доналд Трамп и на пример во БиХ одржат референдум за независност мислејќи дека САД ќе го поддржат тоа. Можеби не истите како оние во 90-тите, бидејќи нема повеќе српска или хрватска војска на готовс, но може да дојде до сериозна нестабилност во БиХ, во Македонија па дури и во Србија