Од:

Де Роси доследен: „Не“ за Јувентус

Даниеле де Роси останува лојален на Рома и доследен на ставот дека нема да замине во ривалски клуб ако веќе е принуден на разделба со „волчицата“. Капитенот на римјаните категорично му кажа „не“ на Јувентус кој прави напори да го привлече во своите редови. Во таквата мисија, како што пишува „Газета дело Спорт“ се вклучиле и Џанлуиџи Буфон, Џорџо Кјелини и Леонардо Бонучи, негови колеги од италијанската репрезентација, кои добиле идентичен одговор. Тие се обиделе да го наговорат заменик капитенот на Рома да им се придружи во Торино наредното коло кога му истеккува договорот со клубот од „Олимпико“.

Де Роси, се наведува во веста, децидно ја отфрлил таквата можност и порачал дека останува во тешките преговори со Рома за обновување на соработката. Во нив ќе настојува да добие иста годишна плата од 6,5 милиони евра како и досега. Играчот од средниот ред е производ на Рома, целата кариерата е дел од „римската волчица“ и на него гледаат како наследник на легендарниот Франческо Тоти.

Доколку преговорите меѓу Рома и Де Роси пропаднат, тогаш план Б за репрезентативецот на Италија е американската МЛС лига од каде има неколку понуди.