Од:

„Дејли Мејл“: Јордан Камчев бизнис-партнерот на сопругата на Камерон

Британскиот „Дејли Мејл“ во фокусот на новата сторија за модната линија на сопругата на екс-премиерот Дејвид Камерон, го стави македонскиот бизнисмен Орце Камчев.

Како што пишува медиумот, новата луксузна модна линија на Саманта Камерон е направена во фабрика која е во сопственост на Камчев, каде работниците се плаќаат мизерно.

Фотографија на Роланд Хоскинс од Камчев

– Госпоѓата Камерон се здружи со тајкунот Јордан Камчев за производство на парчиња за нејзиниот бренд во Источноевропската земја, каде работниците се платени помалку од една фунта на час. Господинот Камчев, 46-годишен, чии бизнис интереси вклучуваат хотели, фармацевтски производи и медиуми, во минатото е истражуван но никогаш не е обвинет за затајување на данок и нелегално работење, а неговиот љубовен живот се споредува со Латиноамериканска серија. Вчера се соочуваше со протести во неговата земја од новинари кои велат немаат земено плата од јануари, пишува „Дејли Мејл“.

Колекцијата на Камерон, наречена „Cefinn“ беше лансирана во Велика Британија минатата недела со некои модни парчиња кои носат ознаки „Произведено во Македонија”.

Истите биле произведени во фирмата наречена „Монт“, а текстилната компанија има работено и на колекциите „Некст“, „Монсун“ и „Лора Ешли“, и е дел од Орка холдинг, семејната фирма на Камчев.

„Работниците во неговата фабрика во предградието на главниот град Скопје се платени помеѓу 9.000 и 15.000 денари месечно, или помеѓу 125 и 208 фунти – што е малку над просекот за Македонија. Облеката потоа се испраќа во Велика Британија за продажба во модната куќа „Селфриџс“, каде една од маиците на Камерон чини 110 фунти, а капут 390 фунти, што е далеку поголема цена од она што работниците го заработуваат“, пишува весникот.

Како што пишува авторот на текстот, на вработените им било кажано да не зборуваат за работата и тие не сакале да дадат изјава бидејќи се плашеле да не го загубат своето работно место.

Во Литванија, дел од колекцијата е произведена од фирмата наречена „Кауно Балтија“, во градот Каунас. Работниците таму велат дека биле платени помеѓу 1.000 и 1.340 евра месечно.

Лорд Фелдман

Иако не се знае како започнал бизнисот помеѓу Камерон и Камчев, весникот пишува дека македонскиот бизнисмен бил близок со Лорд Фелдман, долгогодишен пријател на Дејвид Камерон и прибирач на финансиски средства за партијата на Ториевците.

Фелдман во минатото го поканил Дејвид Камерон на патување во Скопје за да одгледаат фудбалски меч меѓу Македонија и Англија а патувањето било платено од „Орка Холдинг“.

Медиумoт го опишува Камчев како еден од најбогатите и највлијателните луѓе во Македонија, кој поранешниот премиер Никола Груевски и поранешниот прв човек на Тајната полиција ги сметал помеѓу најблиските пријатели.

Целата сторија е достапна на следниот линк.