Од:

Делегација на Владата во дводневна посета на Бугарија

Владина делегација предводена од премиерот Зоран Заев, а во чиј состав се заменик на претседателот на Владата, задолжен за европски прашања, Бујар Османи, министерот за надворешни работи, Никола Димитров, министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески и министерот за култура Роберт Алаѓозовски, утре и задутре, ќе престојува во официјална, работна посета на Република Бугарија.

Од Владата соопштија дека Заев ќе има средба со неговиот бугарски колега, Бојко Борисов и со претседателот на Република Бугарија, Румен Радев.

Во рамките на посетата предвидени се и одделни средби помеѓу министрите од Република Македонија со нивните колеги од Бугарија.

Во среда предвидена е средба на Заев и Сугарески со министерката за енергетика на Република Бугарија, Теменушка Петкова.