Од:

Демократски сојуз: Срушен дигнитетот на Парламентот

За Демократскиот сојуз претставува огромно разочарување, што дигнитетот на Собранието, како дом на граѓаните, највисокиот законодавен дом  е срушен докрај, разорени се и другите институции, како и судската и извршната власт.
Денес, кога граѓаните очекуваат разумно, одговорно и пред сé државничко однесување, преку Парламентот повторно се фрла сол на раните на граѓаните. Парламентот бира министри како добро обмислен спин, за да се дефокусира јавноста од Одлуката за поништување на датумот за избори, закажани за 5 јуни, пишува во соопштението партијата на Павле Трајанов.
Според ДС повеќе од јасно е дека многу брзо ќе се избере Влада во која ќе бидат вклучени сите парламентарни партии, и очекуваат таа да биде експертска, со премиер и министри, без партиски багаж.
Влада која ќе спроведе реформи во судскиот систем, бебзедносните служби, медиумите и ќе ги оспособи институциите да можат да функционираат. Прво, избор на Влада, реформи, па после тоа избори, но пред сé мора да се повлече аболицијата со која 56 лица, носители на високи државни политички функции и нивните соработници се ослободени од кривична одговорност за тешки кривични дела, порачуваат од Демократскиот сојуз.