Од:

Демонстранти пред влада: Протестираме затоа што ни е загрозен коренот

Со патриотски песни и црвено жолти врвци и беџови, демонстрантите денеска го започнаа протестот пред објектот на владата. Дел од граѓаните на себе носеа македонски знамиња, а на денешниот протест можеше да се забележи и транспаренти на кои пишуваше „Зоран Заев, Зоран Верушевски и Зоран Вранишковски“, „Разбуди се“, „Предавници“ и слично.

Собраните граѓани велат дека протестираат за да не се дозволи разнебитување на државата. Некои од луѓето со кои разговаравме велат дека протестираат затоа што сметаат дека им е загрозено нивното постоење и постоењето на нивните деца.

„Не сакаме двојазичност, не сакаме пари на албански јазик, сакаме нашите деца да имаат каде да живеат и понатаму“, велат демонстрантите.

Од пред објектот на владата, демонстрантите се упатија кон Собранието.

За денеска беа најавени  протести во неколку градови низ државата меѓу кои  во Скопје, Битола, Прилеп, Штип и Кичево.

Организаторите на собирот велат дека целта е зачувување на унитарноста на државата.

На вчерашниот протест во Скопје беше најавено дека тие ќе се одржуваат секој ден сѐ додека не се исполнат нивните барања – политичките партии да се обврзат дека ќе го почитуваат Уставот на Република Македонија и дека нема да работат на промена на името.