Од:

Девет години независност: Косово во канџите на сиромаштијата

Девет години од прогласувањето на независноста на Косово економската ситуација во земјата е катастрофална. Во текстот “Најмладата европска држава“ хрватски Јутарњи лист, како  типичен пример на лоша економија го наведува случајот на момчето Назим Ахмети (24) кој како и многумина, деновите ги минува пред пазарот во Приштина чекајќи некој да му понуди еднодневна работа за дневница од 15 евра.

Потсетувајќи дека Косово од 17 февруари 2008 го признлае 110 држави иако Белград на тоа жетоко се противеше, хрватскиот весник пишува дека државата живее во сиромаштија и корупција.

-Според официјалните податоци, невработеноста минатата година паднала на 26 отсто, но населението мисли дека тоа е „фризирана “ бројка. Податоците од Светската банка говорат дека невработеноста во последните 4 години во просек била 42,6 отсто.

Третина од косовските 1,8 милиони жители живеат под границата на сиромаштија, а просечната плата изнесува 360 евра. Пред 9 години на Косово имало 300.000 жители повеќе, пишува Јутарњи лист.

Хрватскиот весник потсетува дека повеќе од 300 косовски Албанци им се придружиле на џихадистите во Сирија и во Ирак, за што причина е не само радикалната исламизација туку сироматштијата, што воедно е причина поради која младите Албанци најчесто илегално се иселуваат во Западна Европа.

-Погледнете им ги лицата, нема насмевка, вели политичкиот аналитичар Рамуш Тахири покаќувајќи кон група млади на главниот плоштад Мајка тереза. „Ниту еден нивен сон не е остварен“.

Весникот ја пренесува и изјавата на косовскиот премиер Иса Мустафа кој тврди дека владата прави се  што може да привлече странски инвестиции и истакнува дека „нормализацијата на односите со Србија е значаен чекор во тоа“.

-Разговорите меѓу Белград и приштина траат уште од 2011 и полека напредуваат, иако одвреме нвреме има тензии. Иако односите знаат да бидат напнати, Косово и Србија никогаш не престанале да тргуваат. Не сметајќи го криумчарењето, Србија минатата година на Косово извезла стока во вредност од 400 милиони долари, главно храна. Косовскиот извоз во Србија истовремено изнесувал 40 милиони евра што е 4 милиони повеќе од увозот кон Албанија, пишува Јутарњи во репортажата.

Друг проблем во развојот е ендемската корупција која води и до власта. Косово на листата на перцепција на корупција на Транспаренси интернешенал е на 95 место од 176 земји.

Економистот Мехмед Ѓата вели дека Косово не може да стане фунцкионална држава додека не ја развие економија способна за решавање на проблемите со високата невработеност и сиромаштијата.

-А фактот дека имаме ненормално богата елита покажува дека економскиот развој не е приоритет за владата, вели Ѓата за хрватските медиуми.