Од:

Џафери до пратениците го доставил барањето на ЗЕЛС

Mинистерот за локална самоуправа и Заедницата на единиците на локалната самоуправа на Република Македонија до Собранието на Република Македонија, односно до претседателот на Собранието, Талaт Џафери доставија барања со кои се бара Собранието на Република Македонија да најде решение за надминување на состојбата поради неодржувањето на локалните избори и се укажува на проблемите кои ќе настанат во оваа ситуација.

Во соопштението од Кабинетот на Џафери се вели дека претседателот на Собранието барањата ги достави до пратениците во Собранието на Република Македонија, бидејќи, како што се вели, ова прашање исклучиво е во надлежност на Собранието, со кое бара итно усогласување на сите политички партии во Собранието во однос на потребните измени во Изборниот законик, но и на сите други активности кои се однесуваат на постапката утврдена во Деловникот на Собранието на Република Македонија како во однос на основање на сите работни тела во Собранието така и во однос на постапката за разгледување и  донесување на законите.