Од:

Џара: Курц зборува за слобода на медиуми? Па тој го поддржа Груевски

Новинарката од Косово, Јета Џара од тимот на Балканската мрежа за истражувачко новинарство, инспирирана од денешниот говор на министерот за надворешни работи на Австрија, Себастијан Курц на конференција во Виена, вели тој никако не треба да зборува за слобода на медиумите.

На еднодневната конференција на ОБСЕ во Австрија за слобода на медиумите посветена на состојбите во земјите од Западен Балкан, Џара и новинарите од регионот со негодување го слушаа Курц.

Таа вели тој го поддржал екс-премиерот на Македонија, Никола Груевски во својата кампања, а кој според неа, важи за најголем угнетувач на медиумите на Балканот, а сега говори за слобода.

– Од утрово кога дојдов овде на конференцијата се почувствував малку неудобно бидејќи првиот говор кој го слушав беше од Себастијан Курц, кој зборуваше за слобода на медиумите во Западен Балкан и за тоа колку е тоа важно за Австрија и ОБСЕ, додека тој е истиот човек кој беше дел од политичката кампања на Груевски, кој пак е најпознатиот угнетувач на медиумите на Балканот. Груевски секојдневно со својата партија ги напаѓаат моите македонски и албански колеги и е одговорен за бунарот во кој тоне Македонија во извештаите на Репортери без граници, и сега го имаме овој човек овде кој што зборува како ќе ја поддржувал работата на новинарите. Извинете, ама не може да спиете со непријателот, а да се правите после пријател кај новинарите, реагира новинарката Јета Џара.

На денешната конференција претставник на Македонија во Австрија беше заменик-министерот за информатичко општество, Тимчо Муцунски.