Од:

ДИК: До 13 часот излезноста во Теарце е 35,29 проценти

ДИК соопшти дека до 13 часот на гласачкото место 2011 во тетовско Теарце гласале 252 гласачи или 35,29 проценти.

Следниот податок за излезност на гласачите ќе го соопшти нешто по 17 часот.

Вкупно запишани има 714 гласачи, кои гласаат во основното училиште Кирил Пејчиновиќ. Освен кусиот прекин на гласањето поради нефункционирање на УВ лампата, гласањето се одвива без проблеми. 

Во Теарце се прегласува по одлуката на ДИК, чија симулација на ИТ секторот покажал дека може да дојде до променана мандатите во корист на друга партија.