Од:

ДИК го продолжува рокот за пријавување на спорните гласачи

Непријавените гласачи од листата на ДИК ќе имаат време од петнаесет дена по распишувањето на парламентарните избори за да го регулираат правото на глас.

Оние 30,502 кои досега граѓани не се пријавиле, а се нашле на листата на спорни гласачи на ДИК, тоа ќе може да го сторат дополнително откако вчера по истекувањето на рокот ДИК одлучи истиот да го продолжи. До вчера во ДИК се пријавиле само една четвртина од спорните гласачи или 8 922 граѓани. По заклучувањето на Избирачкиот список, непријавените гласачи ќе бидат избришани од списокот.