Од:

Димовски: Коалициските партнери негодуваат за платформата на Албанците

Тема на денешната средба на ВМРО-ДПМНЕ со коалициските партнери биле изборите и случувањата околу изборите, како и поддршката и легитимитет што претседателот на партијата Никола Груевски ги имал како мандатар, рече Илија Димовски по средбата, јави „А1 он“.

„Од оваа коалиција на ВМРО-ДПМНЕ се дел сите помали етнички заедници во Македонија, имаше видливо негодување во врска со платформата и сведување на некаков си бинационален дијалог“, рече Димовски.

Димовски додаде и дека за барањата на ДУИ, ставовите на ВМРО-ДПМНЕ биле посочени преку интервјуто на Груевски.