Од:

Директори на Телеком казнети во САД за поткуп на македонски политичари

Елег  Штрауб  и Андрас Балог  ќе платат парични казни од 250,000 (Штрауб), односо 150,000 долари (Балог) и добија петгодишна забрана за вршење дејност како директори или вработени во сите акционерски друштва, објави денеска Американската комисија за хартии од вредност.

Директорите од „Маџар Телеком“ беа обвинети за предводење на тајните договори со премиер и други лица од Македонија со цел да ја спречат конкуренцијата на пазарот, изјави Стефани Авакиан, извршен директор на Одделот за истраги во Комисијата за хартии од вредност. Таа кажа дека во февруари годинава третиот директор направил спогодба со судот и платил казна од 60,000 долари со што го признал делото дека фалсификувал книги на компанијата во врска со шемата за плаќање мито на македонски политичари.

Претходно, во првиот процес којшто се водеше во Окружниот суд во Њујорк во декември 2011 компанијата „Маџар Телеком“ плати 95 милиони долари казни.

Но, Судот не престана со оваа спогодба и сакаше да ги гони и директорите како конспиратори во овој случај за што сведочеше и македонскиот екс-разузнавач Слободан Богоевски. Тие  плаќале  мито  на  политичари од  власта, меѓу нив и имињата на  екс-премиерот  Владо Бучковски, но и припадници на ВМРО-ДПМНЕ, во тоа време опозицијата со цел да ја бетонираат и нивната идна предност на пазарот во случај на промени во власта.

Во Македонија овој случај  немаше  разврска, а ниту директорите ниту политичарите беа гонети.



Comments are closed.