Од:

Дисциплински мерки против медицинскиот тим од Гевгелија

Против медицинскиот тим кој се фотографирал во операциона сала додека пациентот е со отворен стомак, во крв,  ќе бидат превземени дисциплински мерки, потврдија за НОВА од болницата во Гевгелија. Од таму информираат дека е формирана дисциплинска комисија која ќе земе изјави од целата медицинска екипа, по што ќе биде испратен предлог до директорот за да се поведе постапка за дисциплински престап што подразбира 20 до 30 проценти казна од плата во траење од еден до шест месеци. Медицинскиот тим коj направил селфи додека е пациентот под дејство на анестезија, го повредил Законот за здравствена заштита и Правилникот за хоспитална култура се вели во одговорот од болницата.

Во врска со објавените информации дека доктори од гевгелиската општа болница “се сликале со отворен стомак на пациентот” ве информираме дека веднаш по добивањето на информацијата се превземени соодветни законски мерки за санкционирање на здравствените работници инволвирани во случајот. Согласно Законот за здравствена заштита(член 186,став 1,точка1),станува збор за дисциплински престап за кој се поведува соодветна дисциплинска постапка.

За целиот случај ќе биде изготвен и соодветен извештај,кој уште денеска ќе биде доставен до Клиниката за ТОАРИЛУЦ, каде е вработена една од докторките од случајот. Воедно,Општа болница во Гевгелија се оградува од индивидуалните постапки на поединци кои го нарушуваат угледот на установата“, се вели во соопштението од болницата.  Лекари од скопските хируршки клиники за НОВА објаснуваат дека независно од Законот каде што мора да се отстранат сите можни податоци за идентификација,(вклучително и изглед) при објавување на стручни текстови во странски стручни списанија, задолжително се бара и согласност од пациентот кога се прикажува неговиот случај или доколку се користи некој визуелен податок. Згора на се ниту еден од нив не прописно облечен за во оиперациона сала, а инструмнетарката има окриен нос од маската, што сначи не се почитуваат основните принципи на антисептична работа во сала. Објавување на вакви фотографии на социјалните мрежи е недопустливо и се коси со сите етички и законски стандарди велат од таму. За случајот се нема изјаснето Клиниката каде што работи докторката која ја постирала фотографијата на Фејсбук, ниту Министерството за здравство.