Од:

До 17 часот излеге 52,8 избирачи во Теарце

Државната изборна комисија известува дека на избирачкото место број 2011 во Теарце, од запишани 714 избирачи, до 17 часот на гласање излегле 377, или 52.8%.

За споредба, излезноста на 11 декември беше за 22 избирачи помала во истиот период. Државната изборна комисија закажа прес-конференција во 21:30 часот.