Од:

До петок минусни температури, в сабота снег и потопло

Најниските температури имерени утрово се во Скопје (Петровец) и во Берово, – 21 степе, по што следуваат -20 во Битола, -19 во Тетово, -18 Куманово, Демир Капија и Штип, -17 во Струмица, -16 во Прилеп, -15 во Крива Паланка, -14 во Виница, Дебар, -13 во Тополчани, -12 во Маврово и Гевгелија, -10 во Лазарополе, -9 во Крушево, -8 во Претор и -7 во Дојран и Охрид.

Како што информира УХМР, висината на снежната покривка и натаму е најголема во Маврово, 62 сантиметра, а најмала во Дојран, еден. Во Лазарополе има 47 сантиметри снег, во Пожаране 41, 36 Тополчани, 29 Берово, 27 Дебар, 26 Ѓуриште, 25 Тетово, 24 Крушево, 19 Битола, 18 Крива Паланка,  16 Куманово и Струмица, 15 Охрид и Претор, 14 Демир Капија, 13 Штип, 12 Виница, 10 Прилеп и Скопје Петровец, 8 Скопје, и два Гевгелија.

За денеска метеоролозите најавуваат сончево време со мала облачност и многу студено, а по одделни котлини и слаба магла. Ќе дува слаб ветер од северозападен, а во западните делови умерен ветер од западен правец. Температурата ќе достигне од -4 до 5 степени. Во Скопје претежно сончево со слаб западен ветер и со температура до -2 степена.

Утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, во текот на денот потопло со умерен јужен ветер. Попладне облачноста од запад ќе се зголемува, а кон крајот на денот во западните делови на планините ќе има повремен снег, а во пониските места на запад дожд и снег. Утринска температура од -14 до -5, а дневна температура од 2 до 7 степени.

Во сабота, особено претпладне, на повисоките места и на планините ќе има врнежи од снег, а на пониските места врнежи од дожд и снег. Повеќе врнежи се очекуваат во западните делови каде ќе дојде до зголемување на снежната покривка. На пониските места на југот и вдолж Повардарието поради повисоките дневни температури снежната покривка делумно или целосно ќе се истопи. Во недела ќе има преодно стабилизирање, а од понеделник ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од снег со променлив интензитет. Дневните температури ќе бидат околу нулата.