Од:

Договорите ја кријат тајната за дипломатската криза во Заливот

Обединетите арапски емирати наводно наложиле хакирање на профилот на катарската Влада на социјалните мрежи, со цел како што се наведува лажните изјави на катарскиот емир шеикот Тамим Бин Хамад ел Тани да не бидат објавени, што доведе до дипломатска криза, пишува Вашингтон пост цитирајќи неименувани извори од безбедносните служби на САД.

Ел Тани наводно во мај ги пофалил Хамас и рекол дека Иран е „исламска сила“ што довело до тоа Саудиска АРабија, ОАЕ, Египет и Бахреин да ги прекинат сите дипломатски и транспортни врски со Катар на 5 јуни годинава, обвинувајќи го Катар дека поддржува тероризам, пишува весникот.

Вашингтон пост истакнува дека разузнавачките служби на САД дошле до оперативни податоци кои укажуваат на тоа дека највисоките претставници на Владата на ОАЕ разговарале за хакирањето на 23 мај, ден пред тоа да се случи.

Амбасадорот на ОАЕ во САД Јусеф ел Отаиба ги демантираше наводите,а истото го направи и министерот за надворешни работи Анвар Гаргаш.

Дали решението се крие во тајните договори? 

Катар направил серија договори со своите заливски соседи во текот на 2013, 2014 и 2016 година според кои договорено е престанок на поддршката на опозициските фракции во овие земји, како и оние во Египет и Јемен, објави Си Ен Ен.

Но овие договори биле скриени од јавноста поради чувствителноста и државните тајни кои ги содржат. Според тврдењето на Си Ен Ен, Катар наводно не испочитувал два од овие договори, што според телевизиската мрежа можеби е причината за оваа најтешка дипломатска криза на Блискиот исток во изминатите неколку децении.

Почитувањето на договорите беше главната забелешка на заливските земји до Катар минатата недела, кога страните во овој судир разменуваа соопштенија и писма со услови. Од друга страна, официјална Доха ги обвини Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати дека го „скршиле духот на догворот и се впуштиле во неиспровоциран напад на суверенитетот на Катар“.

Првиот договор

Првиот договор е напишан на рака и направен на 23 ноември 2013, потпишан од саудискиот крал, катарскиот емир и емирот на Кувајт. Во него потписниците јасно се обврзуваат на почитување на интегритетот и суверенитеот, односно на немешање во внатрешните работи на останатите заливски земји, вклучувајќи  забрана за финансиска и политичка помош на „девијантните групи, како пто во Заливот ја опишуваат опозицијата и активистите за човекови права“.

Во Договорот, наречен „Ријадска спогодба“, посебно се споменува забраната за поддршка на Муслиманското братство, кое е можеби најголемиот камен на сопнување во односите на Катар и останатите земји во Заливот.

Останатите земи го вперија прстот кон Катар и го обвинуваат дека константно и богато го поддржува Муслиманското братство. Исто така, потписниците на договорот се обврзаа дека никој нема да ги помага опозициските групи во јемен, земја која Саудиска Арабија со години ја бомбардира.

Што содржи документот

За да го оправдаат бојкотот и изолацијата на Катар, Саудиска Арабија и нејзините сојузници ја обвинија официјална Доха дека го финансира Хезболах и слични групи, како и Муслиманското братство во Египет.

Во првиот Договор државите исто така се обврзуваат дека нема да поддржуваат „антагонистички медиуми“, што е јасна алузија на Ал Џазира, медиумската куќа која ја финансира катарската Влада и која останатите заливски змеји ја обвинуваат дека ги поддржува опозициските групи во регионот, вклучувајќи ги Египет и Бахреин.

Вториот договор

Вториот договор, означен како „Строго доверливо“ датира од 16 ноември 2016 година. Тој опфаќа нови потписници, вклучувајчи го и кралот на Бархерин, принцот Абу Даби и премиерот на ОАЕ. Во документот посебно се споменува стабилноста на Египет, односно обврската на потписниците да работат на зачувување на стабилноста на Египет, вклучувајќи и спрелчување на Ал Џазира да пружа медиумска поддршка на групите кои сакаат да ја соборат Владата во Египет.

Во овој документ постои посебен дел кој се однесува на Ал Џазира, која по потпшишувањето го згасна својот канал во Египет „Ал Џазира Мубашир Миср“.

Друг важен дел се однесува на Муслиманското братство, како и на групи во Јемен и Саудиска Арабија кои „претставуваат  закана за стабилноста на Сојузот на заливските земји“, групата од шест држави меѓу кои се Саудиска Арабија, Бахреин, ОАЕ и Катар“.

Катар: Лаги, подметнувања и напад на нашиот суверенитет

Портпаролот на катарскиот емир објави соопштение во кое ги обвини Саудиска Арабија и ОАЕ  дека го прекршиле „духот на спогодбата“.

-Доколку го прочитате целиот договор од 2013 до крај, ќе увидите дека целта е да има зачувување на стабилноста и суверенитетот на шесте земји на Сојузо на заливските земји и овозможување на соработка во јасно одредени и за сите прифатливи рамки. Меѓутоа нивните подоцнежни барања, Катар да ја згасне Ал Џазира немаат никакви врски со Ријадскиот договор, порача шеикот Шаиф Бин Ахмед ал Тани.

Тој додаде дека моменталната листа на барања претставува „незабележан напад на суверенитетот на Катар“ и дека поради тоа е одбиена и осудена во меѓународни рамки.

-Оваа криза ја покренаа со хакирање, подметнување, фабикувани изјави и координирана медиумска кампања против Катар. Од самиот старт, Саудиска Арабија и ОАЕ се обидоа да ги скријат фактите од јавноста, вклучувајќи ги и нивните граѓани, одејќи толку далеку што ги забранија Ал Џазира и други медиуми во своите земји, се вели во соопштението од Катар.

Од друга страна, Саудиска Арабија, Бахреин, Кувајт и Египет издадоа заедничко соопштение во кое тврдат дека Катар е тој што не ги исполнил условите и барањата од заедничкиот договор.

-Четирите држави  истакнуваат дека сите 13 барања упатени до катарската Влада се во целосна согласност со оние од Ријадскиот договор потпишан во 2013 година, се вели во соопштението и се додава дека Саудијците, Бахреин и ОАЕ уште во 2014 ги повлекле своите амбасадори од Катар, кој тогаш „не ја почитувал одредбата а немешање во внатрешните работи на останатите заливски земји“.

После тоа, работите беа „испеглани“, но минатиот месец дојде до нов раскол кога Катар повторно беше обвинет, овој пат дека поддржува тероризам. Останатите земји бараат од Доха да ги „прекине сите врски со терористичките групи, вклучувајќи ги Муслиманското братство, Хезболах и ИСИС“, и да го „запре проектот за изградба на турска воена база во Катар и да престане да издава катарско државјанство на Турците“.

Што е Муслиманското братство? 

Муслиманските браќа, познати и како Друштво на муслиманските браќа или Муслиманско братство е име на исламистичка или панисламистичка политичка партија во Египет со ограноци во други држави.

Целта на братството која ја зацрта неговиот основач Хасан ел Бана е доктрина на враќање на исламската очигледна судбина: царство, основано во 7 век кое се простирало од Шпанија до Индонезија.

„Браќата“ се едно од највлијателните движења во исламскиот свет, посебно во арапскиот. Првото муслиманско братство е основано во Египет во 1928 година и Египет се уште се смета за центар на движењето; генерално е послабо во земјите од Магреб или Северна Африка отколку во арапскиот свет. Ограноците на братството ја формираат главната опозиција во неколку исламски земји на арапскиот свет, како што се Египет, Сирија и Јордан и политички е активно во речиси секоја муслиманска држава. Во судир е со сите муслимански секуларни режими, а покрај тоа застапува и силна антиизраелска идеологија.

Муслиманското братство од 2003 се наоѓа на листата на терористички организации во Русија, од 2013 во Сирија и Египет, а од 2014 во Саудиска Арабија, ОАЕ и Бахреин.