Од:

Документарен филм: Ромите во пристапот до здравство


Ромската организација за мултикултурна афирмација РОМА С.О.С. е волонтерска невладина организација чии активности, базирани на основните принципи на солидарност, правичност, човечко достоинство и еднаквост во правата, генерално се фокусирани кон ранливите и маргинализираните групи.

Застапувајќи ги правата и потребите на Ромите, во изминатите десетина години РОМА С.О.С. израсна во важен фактор на регионално и национално ниво. Во нејзиното функционирање активно се вклучени припадници на различни етнички заедници, кои заедно го креираат моделот на мултиетнички развој.

По повод шестгодишната активна работа, здружението издаде видео материјал, насловен како „Твоето здравје, твоја грижа, твое човеково право“. Извршниот директор на РОМА С.О.С. Несиме Салиоска, вели дека материјалот е подготвен со цел да се промовираат идентификуваните пречки на Ромите при остварувањето на нивните здравствени услуги и права.

„Преку филмот сакаме да покажеме дека кон проблемите на Ромите мора да се пристапи мултисекторски и во меѓусебна соработка со институциите, како одговорни страни за обезбедување на здравствената заштита на граѓаните, и ромската заедница, како корисник на здравствените услуги и права. Здравјето на Ромите е една од приоритетните области преку кои се цели кон целосна интеграција на Ромите во општеството. Во контекст на истото, а во духот на Меѓународниот ден на Ромите, повикуваме на правично спроведување на правото на здравје за сите, без дискриминација“, вели Салиоска.

Во чест на 8. Април, Светскиот ден на Ромите, НОВА премиерно го емитува промотивниот филм на РОМА С.О.С. „Твоето здравје, твоја грижа, твое човеково право“.



Comments are closed.