Од:

Доналд Трамп: Каква кампања, таква инаугурација

Кој сака да пее за Доналд Трамп? Се чини не многумина. Како ќе изгледа денот на инаугурација; кој се нафати да настапува; кои од поранешните претседатели ќе се појават и се што треба да знаете за редот по кој се одвива овој ден. 

Новозибраниот претседател на САД, Доналд Трамп отсекогаш во јавниот живот важел за “селебрити“ со оглед на тоа што самиот креирал ТВ-шоуа, се дружел со ТВ-ѕвезди, актери, музичари. Иако бизнисмен, Трамп отсекогаш важел за дел од естрадата. За очекување беше токму на неговата инаугурација да се појават некои од овие ѕвезди. Но само доколку водеше инклузивна кампања, бидејќи вака многумина од нив му се лути.

За разлика од инаугурацијата на Барак Обама, кога настапи најголемата пејачка на денешницата Бијонсе, кај Трамп тоа нема да го има.

Шоуменот тешко ќе обезбеди шоу

Директорот за комуникации при инаугуративниот комитет можеби пак го има и правиот одговор. „Ова не е Вудсток, ова не е летна сесија, не е концерт“, изјави неодамна за Си Ен Ен, Борис Ефстајн.

Во декември Трамп самиот се пожали на највискиот ранг музичари и актери кои настапија за време на претседателската кампања на Хилари Клинтон, како што тој го прави тоа, преку Твитер.

„Таканаречената А листа на селебрити…види што тие направија за Хилари, НИШТО. Јас го сакам НАРОДОТ“, објави Трамп.

Засега, договорен настап на инаугурацијата има бендот „Таладега Колеџ“. По критиките за учеството на историски “црниот“ колеџ, претседателот на установата вели дека за студентите „ова претставува искуство кое не се учи“.

„Ги почитуваме и ги цениме мислењата за нашето учество во оваа парада. Но како што рекоа многумина од оние кои одлучија да учествуваат, мислиме дека инаугурацијата не е политички настан туку граѓанска церемонија каде што се слави трансферот на моќта“, изјави тој.

Инаугуративниот комитет во декември соопшти дека „Рокетис“ ќе настапат на церемонијата. Но како што се наближува времето, и нивниот настап влезе во контроверзии. Дел од членовите на танцувачката група, нема да учествуваат бидејќи не сакаат да бидат поврзани со претседател кој создава поделби.

Мормон Табернакл Хор досега настапувал на пет инаугуративни церемонии, а оваа на Доналд Трамп ќе биде шеста.

Хорот е од Солт Лејк сити, Јута и датира од создавањето на црквата Мормон. Брои 360 членови, но сега ќе настапат 359, бидејќи еден член одбива да настапува за Трамп.

Инаугурација на Обама, настапува Бејонсе

Џен Чембрлен преку Фејсбук објави:

„Знам дека никогаш не би му фрлал ружи на Хитлер. И никогаш не би пеел за него“, напиша Чембрлен.

Џеки Еванчо е засега можеби најпознатото име кое ќе настапи соло на инаугурацијата. Таа е екс-натпреварувачка на музичкото шоу „Америка има талент“, каде на 10 години заврши како второпласирана. Во 2012 има настапувано за Барак Обама.

– Продажбата на албумот на Џеки Еванчо скокна ненормално откако таа најави учество на инаугурацијата. Некои луѓе не сфаќаат за какво движење станува збор, твитна Трамп.

Елтон Џон би настапил?

Непотврдени се шпекулациите дека Елтон Џон прифатил да настапува. Се уште се чека на одговор од поканетите Бич Бојс.

Ребека Фергусон, поранешна учесничка на британскиот „X-Фактор“ исто така била поканета да настапува но таа има услов. Фергусон сака да настапи со песната „Стрејнџ фрут“, која говори во името на сите обесправени. Се чека од тимот на Трамп да го потврди учеството.

Балканското хрватско дуо 2CELLOS исто така беа поканети од Доналд Трамп, но заблагодарувајќи му се, и тие откажаа но не поради особени причини, туку поради зафатена агенда.

Се што треба да знаете за денот на инаугурацијата

Кога?

Претседателската, 58 по ред, инаугурација секогаш е во петок на 20 јануари во пет часот попладне по локално време. Во Македонија тоа значи дека истата ќе може да се следи во 11 часот наутро.

Каде?

Доналд Трамп ќе биде 45 претседател на САД, а својата заклетва ќе ја даде таму каде што ја даваат и неговите претходници – на церемонија одржана надвор пред Капитол Хил во Вашингтон. Капитол Хил е назив за зградата на американскиот конгрес. Церемонијата се одржува на платформа која отприлика ќе изгледа како на фотографијата подолу.

Некогаш овие церемонии се одржувале во Белата куќа, но модерната традиција е тие да бидат пред Капитол Хил. Платформата пред Капитол Хил ќе биде изградена да може да издржи 1,600 луѓе.

Кој ќе оди?

Помеѓу овие 1,600 гости ќе ги видиме поранешниот претседател Барак Обама, спикерот на Конгресоот, поранешни претседатели, претставници на дипломатскиот кор, членови на кабинетот, конгресмени, гувернемери и шефовите на кабинети.

Иако го критикуваше и го нарекуваше лажго, Џорџ Буш сепак реши да присуствува на церемонијата, а ќе му се придружи и Бил Клинтон кој ќе дојде со сопругата Хилари која ја загуби претседателската трка од Трамп. Се очекува да дојде и поранешниот претседател Џими Картер кој има 92 години, иако ова не е сигурно поради неговата возраст. Џорџ Буш постариот нема да дојде од истите причини.

Стотици илјади луѓе тргнуваат кон Капитол Хил за инаугурацијата на Барак Обама

По кој редослед?

  1. Утринска молитва: Оваа традиција ја започна Френклин .Д. Рузвелт, а потоа ја прифатија сите следни претседатели. Молитвата се одржува во црката Св. Џон на улицата спроти Белата куќа.
  2. Двајцата претседатели: Ова е вториот чекор кога поранешниот и сегашниот претседател имаат кратка средба во Белата куќа пред заедно со своите тимови да отпатуваат до Капитол Хил.
  3. Заменикот претседател дава заклетва: Заменикот на Трамп, Мајк Пенс е првиот кој дава заклетва и веројатно истата ќе биде читана од Претседателот на Врховниот суд на платформата за инаугурација пред Капитол Хил. 
  4. Претседателот дава заклетва: Ова е главниот дел кога Трамп ќе ја дава заклетвата, а се очекува да се заколне врз библијата.  Заклетвата има 35 збора и мора да се каже точно од збор до збор. На инаугурацијата на Обама за вториот мандат тој мораше да ја кажува два пати бидејќи првиот пат погреши еден збор.

    Бил Клинтон дава заклетва

  5. Говорот: Секој претседател има говор. Оној на Џорџ Буш постариот имаше 135 збора, додека Вилијам Хенри Харисон одржа говоро од 8.4555 збора во 1841 година. Токму на овој говор беше кажана историската реченица на Џон Кенеди „Не прашувај што може твојата земја да направи за тебе туку што можеш ти да направиш за неа“.
  6. Сите ќе речат Чао Обама! Поранешниот претседател треба да изведе и визуелно заминување, а сегашниот го испраќа. Некогаш за тоа се користеле хеликоптерри, но и возови, автомобили.
  7. Време за ручек: Исто како на свадбите, и овде по главните церемонии има ручек. Ручекот трае долго и вклучува добра храна која мора да потекнува од местото каде што потекнува претседателот, уште говори и добра забава.

    Инауггиративна парада за Обама

  8. Инаугуративна парада: Новиот претседател парадира  пеш од авенијата Пенсилванија до Белата куќа. Се поздравува со повеќе од 8,000 церемонијални офицери, училишни бендови и уште куп други кои ја чинат парадата, а тука е и народот.

    Инаугуративен бал за Хари Труман

  9. Конечно – инаугиративните балови: Вечерта се одржуваат овие балови, често организирани од високото друштво во Вашингтон, но и од невладини организации и други општествени чинители. Овие балови се обично исцрпувачки за претседателот, но тој се труди да отиде на што е можно повеќе. На нив секогаш се канат претседателот, заменик претседателот и нивните семејства. Во 1997 имаше најмногу вакви балови, дури 17 за Бил Клинтон, додека Барак Обама посети 10 балови.