Од:

„Дрекслмајер“, Кавадарци подели околу 60 откази

По штрајкот во фабриката „Дрекслмајер“ во Кавадарци, околу 60 работници добиле отказ, јави попладнево Телма.

Тоа што привлекува внимание е дека отказите не ги делат сопствениците, туку шефовите кои се назначени од нив.

Дел од вработените апелираат до колегите да не се плашат за последиците и за своите, како што рече еден работник, „плати од 7 – 9.000 денари, колку што изнесуваат во оваа странска инвестиција“ и гласно да говорат за проблемите. Инаку штрајкот започна со барање да им се исплатат на работниците ветените дневници за работењето за време на Велигденските праници.

Инаку, на документот од отказот се забележува дека фирмата што го дала отказот се вика „ДММ ДРЕКСЛМАЈЕР МАНУФАКТУРИНГ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ, што претставува кратенка за друштво со ограничена одговорност основано од едно лице. Значи ли ова дека „Дрекслмаер“ – Кавадарци не е основан од матичната компанија во Германија, туку од физичко лице?