Од:

Државата не сака повеќе да троши пари за жителите на поплавените села

Државата не сака повеќе да троши средства за престој на жителите од поплавените подрачја во студентскиот дом “Томе Стефановски Сениќ”, јавува АлсатМ.

Станува збор за 79 жители од поплавените подрачја кои настрадаа во август минатата година. Според одлуката на Министерството за труд и социјална политика овие луѓе сега треба да го напуштат студентскиот дом.

Министерот Ибрахим Ибрахими оцени дека се создадени условите жителите да се вратат дома а таму ќе останат само две семејства ќе бидат сместени во центарот „25 Мај“ кој е во надлежност на ова Министерство. Според министерот непотребно е и натаму да се трошат средства за престој на жителите во студентскиот дом.

„Екипите се излезени на терен каде пробламатични се оценети две, три семејства. Тие ќе бидат сместени во центарот 25 мај и нема да го платиме домот Синич. Никој нема да остане надвор на улица и доколку се појават дополнителни лица, ќе ги сместиме во нашите објекти само да не плаќаме веќе во “Томе Стефановски Сениќ” околк 1 милион и 200 илјади денари. Поголемиот дел од нив имаат услови за да се вратат дома“. – изјави Ибрахим Ибрахими, министер за труд и социјална политика за АлсатМ.

Директорот на домот „Томе Стефановски Сениќ“, Лулзим Џемаили вели дека таквата одлука не е праведна затоа што тој ја знае добро состојбата на овие жители. Но одлуката, донесена вчера, ќе мора да ја  почитува.

„Информациите од министерот за труд и социјална политика се многу контрадикторни. Врз основа на нашите информации, рокот треба да се продолжи до 1 мај, но изгледа дека продолжува шегувањето со жителите. Но, каква и да е одлуката на Министерството и на Владата, ќе треба да се почитува“. – изјави Лулзим Џемаили – директор на студентскиот дом

Алсат М ги посети куќите на две семејства кои требаа да се вратат дома. Едната куќа е без никакви елементарни услови за живеење, а другата е целосно срушена. Новиот објект кој се гради е само на столбови. Жителите велат дека не знаат кај ќе бидат сместени и апелираат да се продолжи рокот.

„Немам кај да одам. И вие гледате дека немам каде, да имав ќе излезев. Немам ни алишта, ништо, каде ќе се сместам?! Тука не се живее. Нека ми помогне некој!” – изјави Вазфие Фалиовска, жителка на Инџиково.

„Ни велат да излеземе од домот но немаме каде да одиме. Нека ни се продолжи рокот барем уште два месеци. Ни велат да одиме на друго место, во 25 Мај, како бегалци, но ние не сме бегалци за да одиме таму“, вели Азир Рушити, жител на Сингелиќ

Малите суми за обештетување од Владата по поплавите на 6 август минатата година, придонесоа овие жители да не можат да ги обноват своите куќи.