Од:

Државната секретарка од МВР, стана директорка на УЈП

За нов директор на Управата за јавни приходи е назначена Aнастасија Илиеска која досега ја вршеше функцијата државен секретар во Министерството за внатрешни работи.

Илиеска, доаѓа на местото на Петар Есмеров кој пак,беше назначен само пред една недела на директорското функција на местото на  Кирил Миноски, кој стана министер за финансии. 

Владата ја именуваше Анастасија Илиеска за директор на УЈП, а Петар Есмеров ќе  продолжи да ја извршува директорската позиција во подрачната единица на Управата за јавни приходи – Скопје“, информира портпаролот на Владата, Александар Ѓорѓиев. 

Останува нејасно зошто Есмеров е сменет од функцијата само за една недела.

Новата директорка на УЈП, Илиеска дипломирала на Универзитет  „Св.Климент Охридски” Битола , Економски факултет Прилеп.

Од 2001 до 2014 работела како самостоен даночен советник во УЈП.

Во периодот од 2009 до 2014 била член на советот на Општина Прилеп.