Од:

ДС: Да се формира координативно тело од мнозинството

Демократскиот сојуз смета дека партиите од парламентарно мнозинство треба да започнат добро осмислена  демократска офанзива за трансфер на власта, за да се обезбедат суштински промени и правда.

Партијата предлага да се формира координативно тело од партиите кои имаат парламентарно мнозинство кое ќе работи на спроведување на мирен трансфер на власта, потоа согласно Уставот и Деловникот на Собранието да се деблокира работата на Собранието преку избор на претседавач и седницата да продолжи со работа се до исцрпување на дневниот ред и избор на Влада на Република Македонија.

-Овој процес е исклучително сложен и тежок, посебно во услови кога партијата на власт со сите расположливи партиски и државни сили и средства го попречува тој процес. Секогаш предност има политичкиот дијалог и одговорно и мудро однесување, но очигледно е дека власта играјќи на национализам државата ја турка во длабока провалија.Во вакви услови неопходно е одговорноста за иднината на  државата да ја преземат партиите кои имаат уставни претпоставки за формирање Влада и да раководат со државата, се вели во соопштението.

За непречена  работа на Собранието, партиите, но пред се МВР, според Демократскиот сојуз треба да обезбедат услови за континуирана работа и блокираат било какви обиди за насилство.