Од:

ДС: Да се отворат Студентските домови за навивачите на Супер Купот

Демократскиот сојуз предлага да се отворат студентските домови за сместување на навивачите на Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед кои на 8 август ќе дојдат да го гледаат натпреварот меѓу овие два тима во Скопје.

– Во хотелите во Скопје не можат да се сместат навивачите на Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед, поради што предлагам да се отворат студентските домови во Скопје во кои можат да се сместат неколку илјади гости, велат од ДС.

Тие предлагаат сместувањето или да биде бесплатно или со минимален надомест (10 евра од кревет), колку да се покријат реалните трошоци.