Од:

ДС: Манипулативната кампања е инструмент за поттикнување немири

Досега ниту политичка партија ниту лидер на партија дал изјава дека се залага за федерализација па оттука потребен е разум и прекин на манипулативната кампања, реагира Демократскиот сојуз на веста за нападот врз новинарите на А1он

“Демократскиот сојуз најостро го осудува нападот на новинарите на А1 ОН и бара сторителите на овој насилнички акт да бидат откриени и изнесени пред лицето на правдата.

Демократско право е да се демонстрира, тоа никој не може да го спори, но да се напаѓаат и спречуваат новинари во извршување на своите професионални задачи е акт на насилство и тоа мора да престане.

Државните институции да преземат ефикасни мерки и сите кои потикнуваат и повикуваат на насилство мора за тоа да понесат одговорност.

Со силната манипулативна медиумска кампања дека Македонија се разнебитува, федерализира, дека ќе се промени името на државата и идентитетот, се инструмент за поттикнување на немири од пошироки размери.

Досега ниту политичка партија ниту лидер на партија дал изјава дека се залага за федерализација, кантонизација, промена на Уставното име на државата или дека е за воведување двојазичност како основа за поделба на Македонија и сл.

Затоа повикуваме на разумно однесување и да не се потпаѓа на манипулации кои се во функција на дестабилизација и нарушување на нормалното одвивање на животот”, вели партијата Демократски сојуз преку соопштение.