Од:

Една минута вести: Митревски негира дека стои зад насилството

До крајот на овој месец можно е да бидат избрани претседателите на Кривичниот  и на Врховниот суд, вели претседателот на Судскиот совет, Жарко Караџоски; Дел од синдикалците го обвинија Живко Митревски за насилно преземање на синдикатот со помош на власта и за организирани физички напади против нив, и најавија дека ќе поднесат кривична пријава против новиот министер за труд и социјална политика, Ибрахим Ибрахими дека нелегално го штити Митревски; Митревски за НОВА ги негира обвинувањата дека организирал физички пресметки против синдикалците кои не го поддржуваат;Унгарија планира да ги затвори сите невладини организации поврзани со милијардерот Џорџ Сорос.