Од:

Една минута вести: Заев е убеден дека ќе се најде решение за кризата

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев е убеден дека ќе се најде решение за политичката криза, со моменталната комуникација што се води со другите политички партии. Тој вели дека со широко поставени рамки и со концептот едно општетство тоа е можно. Сепак како што рече, не може да каже кога тоа ќе се случи, бидејќи се чека одлука од ДУИ. Но за неговата партија е прифатливо се што е во рамки на Уставот.