Од:

ЕК очекува брзо формирање на парламент и влада и повикува на смиреност

 

Европската комисија очекува брзо формирање на нов парламент и влада кои ќе ги адресираат проблемите со владеењето на правото низ призма на претходно утврдените договори, велат од Комисијата за НОВАТВ.

Европската комисија ги нотира прелиминарните резултати и резултатите од приговорите и сме во очекување на резултатите од процесите на жалби. На релевантните национални институции, вклучувајќи ја и Државната изборна комисија и судовите, треба да им биде овозможено да работат непречено и без притисоци и политичко мешање.

Ние сме многу загрижени поради тензиите во изминатите денови и растечката негативна реторика. Комисијата ги повикува сите страни да се однесуваат одговорно со цел да се зајакне довербата на граѓаните во јавните институции и демократските процеси.

Со нетрпение очекуваме брзо формирање на новиот парламент и новата влада, како и на имплементирањето на реформите за решевање на системските проблеми со владеењето на правото преку ургентните реформски приоритети и континуирана имплементација на претходните политички договори. Комисијата ќе продолжи да ги поддржува напорите на земјата во евроинтеграциските процеси, вели Маја Коцијанчиќ, портпарол во комисијата.