Од:

Еко Герила: Југохром го загадувал Тетово со години

Врз основа на мерења извршени од страна на Министерството за животна средина и просторно планирање, во март 2017 година Тетово без Југохром беше значително почисто во споредба со истиот период од изминатите години кога работел загадувачот, објави денеска невладината организација Еко герила.

Според нивните податоци, просечното загадување со PM10 во текот на март 2017 година во Тетово беше 39 μg / m3, додека во претходните години, загадувањето било следно :

Март  2013 – 169.1 μg/m3

Март 2014 – 118.3 μg/m3

Март 2015 – 191.5 μg/m3

Март 2016 – 152.6 μg/m3

Март 2017 – 39 μg/m3

Како и во претходните месеци, во текот на март 2017 година Тетово без Југохром беше  еден од најмалку загадени градови во Македонија, во споредба со претходните години, кога се искачи на највисоките места во Европа:

 

Врз основа на ова, Еко Герила бара од МЖСПП и македонската Влада да продолжи со забраната за работа на загадувачот Југохром фероалојс, се додека тој не ги  постави  соодветните филтри. Исто така, бараат од МЖСПП да започне со мерење на PM 2,5 честички во Тетово  кои се уште поопасни од PM10.

Во меѓувреме, како што информираат од оваа невладина органзиација работат со правни експерти за покренување судска постапка за Југохром фероалојс за предизвикување на загадување на воздухот на граѓаните на Тетово во текот на овој период и ќе бараат компензација за сите оние кои се засегнати од ова загадување, а за кое загадувачот не платил никаква парична казна.

Најавуваат и кривични пријави против генералниот директор на Југохром, Васил Скендеровски и против претседателот на синдикатот на  Југохром,  Бајрам Амити за намерно загадување на  животната средина и природата од членот 218, став 1 и 2 од Кривичиот законик.