Од:

(ВИДЕО)- Експлозија во црква во Египет, најмалку 21 луѓе загинаа

Најмалку 15 луѓе загинаа од експлозија во црква во северниот дел на Египет, објави Русија тудеј. Експлозијата се случила во црквата на коптските христијани Свети Ѓорѓи во градот Тант во близина на Каиро. Каналот ЦБЦ објави дека има повеќе од 50 повредени.

Египетската телевизија „Ал Арабија“ потсети дека копстките христијани го сочинуваат 10 проценти од вкупно 85 милионското население на Египет. Коптите со векови живееле мирно со муслиманското население.

Египетската државна телевизија  јави дека се уште не се знае причината за експолозијата во градот Тант.

Засега никој не ја преземал одговорноста за експлозијата, јавува Ројтерс. Нападот се случил во време кога египетските христијани, главно Копти го слават празникот Цвети.