Од:

Експлозија во центарот на Атина

Екплозивна направа била активирана синоќа во центарот на Атина, јавија денеска грчките медиуми.

Грчката полиција соопшти дека во експлозијата нема настрадани,а  е предизвикана само мала материјална штета.

Пред експлозијата непознато лице се јавило во редакцијата на весникот „Ефимерида тон синдактон“, предупредувајќи дека „за половина час ќе експлодира бомба“.

Просорот околу местото на експлозијата бил евакуиран пред да биде активиран експлозивот. Досега некој не презеде одговорност на експлозијата.