Од:

ЕП 2017 (У21): Полска се радуваше на почетокот, Словачка на крајот

Фото: u21poland.com

Горчлива увертира имаше Полска на Европско првенство за млади фудбалери. Домашната репрезентација загуби од Словачка со 1:2 во меч со кој беше заокружено првото коло во групата А.

Полјаците поведоа уште во првата минута со голот на Патрик Липски, но крајот им припадна на нивните словачки врсници. Мартин Валент израмни на 1:1 во 20 минута, за резервистот Шафранко во 78 минута да погоди за пресврт и големи три бода.

Шведска и Англија претходно одигра без голови во првиот натпревар на шампионатот.

Словачка во второто коло ќе игра против Англија, а Полска ќе се вади против Шведска.

Европското првенство за играчи до 21 година продожува утре со средби од Б групата. Србија и Португалија ќе играат од 18 часот, во вечерниот термин (20.45 ч.) ќе следува и мечот меѓу Македонија и Шпанија.

Европско првенство (У21) – Полска

Група А, 1 коло

Полска – Словачка 1:2

Шведска – Англија 0:0



Comments are closed.